Општина Центар започна со третиот дел од реконструкцијата на улицата „Аминта трети“, поранешна „Ленинова“, во должина од 310 метри. Локалните власти го санираат коловозот на сегментот помеѓу булеварот „Партизански одреди“ и улицата „Орце Николов“. Пред почетокот на зафатот, коловозот беше во лоша состојба, со ударни дупки и прекопи, со кои се отежнуваше движењето на граѓаните. Долж целата траса ќе се постави нов тампонски слој и асфалт на површина од 4.500 метри квадратни. Општина Центар ќе изгради атмосферска канализација во должина од 160 метри, која ќе ги прифати атмосферските води од оваа скопска улица.
* Извор на фотографија: Општина Центар
По комплетирањето на третата фаза, Општина Центар ќе пристапи кон финалната етапа за целосна обнова на улицата „Ленинова“. Планирано е да се санира коловозот на оваа сообраќајница, на потегот од булеварот „Партизански одреди“ до Клубот на пратеници.