Претходна статија
Наместо подземен паркинг, кај собранието ќе се гради катна гаража
Следна статија
Прилеп конечно ќе добие нова меѓуградска автобуска станица

Општина Центар го стартуваше проектот за гасификација

Објавено на 19.06.2013 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Со почетокот на зафатот за замена на парното греење со природен гас во О.У. „Димитар Миладинов“, локалната самоуправа од Центар денеска го започна проектот за гасификација на општината. Во оваа фаза ќе се изврши и приклучување на системот за пренос на природен гас преку поставување на мерно регулациона станица и врзување со главниот вод. „Од денеска започнува сериозен зафат со гасификација во општина Центар. „Димитар Миладинов“ досега плаќаше 80 илјади евра за парно греење, но со замената на природен гас, оваа сума ќе се намали на 30 илјади евра. Наша цел е гасификацијата да се прошири, со што ќе има повеќе потрошувачи на природен гас. На оваа станица ќе можат да се приклучат и околните станбени згради“ истакна градоначалникот на општина Центар Андреј Жерновски.

 

 

 

Во наредниот период во оваа општина ќе се гасифицираат училиштата „Гоце Делчев“ и „Кочо Рацин“, како и градинката „13 Ноември“. Замената на парното греење со природен гас се очекува да заврши во рок од три месеци. Општина Центар наскоро треба да формира и сопствено претпријатие за целосна реализација на проектот за гасификација на нејзина територија.