Претходна статија
Западниот булевар во Кавадарци ќе се реконструира и прошири
Следна статија
Избрано идејно решение за пренамена и дополнување на градскиот плоштад во Кавадарци

Општина Тетово го подготвува теренот за гасификација на градот

Објавено на 07.06.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

 

Општинската власт од Тетово денеска го објави огласот за изработка на идеен и основен проект за изградба на дистрибутивна гасоводна мрежа на нејзината територија. Идејниот проект ќе опфати гасоводна траса со должина од 25 километри, додека со основниот проект ќе се опфатат првичните 10 километри од гасоводните цевки низ Тетово. Со актуелниот оглас ќе се изберат и ревизори на проектната документација. За оваа намена од тетовскиот општински буџет е проценето дека ќе се одвојат околу 7 милиони денари.

Заинтересираните проектантски бироа имаат рок до 27 јуни за да ги достават понудите за учество на тендерската постапка. Идејниот проект би се изработил во период од пет месеци по воведувањето во работа на најповолниот понудувач, додека дополнителни три месеци ќе бидат неопходни за да се заврши основниот проект. Општинските власти од Тетово во моментов разгледуваат две варијанти за гасификација на градот.

 

Според првата, магистралниот гасовод Скопје – Тетово – Гостивар би се изградил во согласност со првичниот рок, што би овозможило поврзување на градот со мерно регулациската станица. Доколку се доцни со изведбата на магистралниот гасовод, тогаш општинското раководство е подготвено за гасификација на некои населби и објекти врз основа на принципот на „виртуелен гасовод“, којшто веќе е применет во Струмица.

 

 

Бојан Блажевски

bojan.blazevski@build.com.mk