Претходна статија
Повеќе од шест години ветувања за изградба на нов Драмски театар
Следна статија
Со заем од Светска банка се реконструира патот Битола - Ресен

Општина Струмица продолжува со развојот на гасоводната мрежа

Објавено на 22.09.2015 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Во Струмица ќе се градат дополнителни 6,5 километри секундарна гасоводна мрежа за задоволување на потребите од гас за граѓаните и компаниите. Јавното претпријатие „Струмица-гас“ склучи договор со „Конти Хидропласт“ од Гевгелија за реализација на инфраструктурниот зафат во наредните 12 месеци. Од локалниот буџет за овој проект се обезбедени финансиски средства во висина од 10.000.000 денари. Проширувањето на секундарната гасоводна мрежа е дел од проектот на Општина Струмица за изградба на вкупно 40 километри на цевки по кој ќе се дистрибуира гасот до крајните потрошувачи. За остварување на ваквата замисла од локалната самоуправа процениле дека се потребни од три до четири години.

 

* Извор на фотографија: Општина Струмица

 

Гасоводната мрежа на територијата на Општина Струмица во моментов се протега на над 21 километри. Инфраструктурниот проект непречено се одвиваше во изминативе неколку години, додека во летните месеци беа изведени гасоводни приклучоци кон селата Добрејци, Дабиле и Куклиш, со што им се овозможи на земјоделците да го користат гасот за загревање на оранжериите и пластениците.

 

 

Бојан Блажевски

bojan.blazevski@build.com.mk