Претходна статија
Град Скопје догодина ќе инвестира во проекти за заштита на животната средина
Следна статија
Поставени четири нови полначи за електрични автомобили во Скопје

Општина Петровец продава шест парцели за изградба на нови фабрики

Објавено на 20.12.2017 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Шест локации за изградба на објекти од лесната и незагадувачка индустрија се огласени на продажба од општинските власти на Петровец. Станува збор за градежни парцели со површина од 14.537 до 18.839 метри квадратни, кои на инвеститорите им се нудат по почетна цена од 61 денари за метар квадратен. Неизграденото земјиште е лоцирано во близина на скопското село Ржаничино. Идните производствени погони е предвидено да имаат приземје и два ката. Покрај индустриската дејност, новите објекти е дозволено да имаат и компатибилни класи на намена.

 

 

 

 

Општина Петровец го закажа електронско јавно наддавање за огласеното земјиште за 27 декември. Пријавите за учество на електронската лицитација од страна на заинтересираните инвеститори треба да се достават најдоцна до 25 декември. По потпишувањето на договорите за купопродажба на земјиштето, инвеститорите ќе имаат рок од девет, односно 12 месеци, за да обезбедат одобрение за градење на индустриските објекти.