Претходна статија
Унгарски „Виалто“ повторно ќе го советува Град Скопје за трамвајот
Следна статија
Продадени двете парцели до американската амбасада во Скопје

Општина Петровец нуди 11 локации за изградба на фабрики

Објавено на 27.11.2013 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

На инвеститорите од земјава и од странство им стојат на располагање нови локации за изградба на фабрики во мултифункционалната зона „Ќојлија“ и во Долно Коњаре. Општина Петровец продава 11 градежни парцели, со површина од 1.037 до 4.446 метри квадратни (вкупно 20.563 метри квадратни), по почетна цена од 61 денари за метар квадратен. Со урбанистичката документација на парцелите се предвидени индустриски објекти од областа на лесната и незагадувачка индустрија со максимална висина од 10,5 метри.

 

Пријавите за учество на закажаната лицитација, заедно со доказот за уплата на предвидениот депозит, треба да се достават до Општина Петровец најдоцна до 30 декември. Наддавањето ќе се одржи на 9 јануари 2014 година. По купувањето на земјиштето, најповолните понудувачи ќе бидат должни да обезбедат градежна дозвола во рок од 9 месеци, односно 12 месеци за објектите со површина од над 5.000 метри квадратни. Производствените капацитети на овие локации во близина на Скопје треба да се изградат во период не подолг од шест години од добивањето на одобрението за градење.