Претходна статија
Германски „Акомпласт“ отвори фабрика во ТИРЗ Прилеп
Следна статија
Новата кичевска болница ќе биде готова до април 2019 година

Општина Куманово привршува со проектот за реконструкција на улиците

Објавено на 22.09.2017 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

 

Општинските власти во Куманово во изминатиов период успеаја да реконструираат десетици улици на територијата на овој град. Паралелно со санацијата на подземната канализациона мрежа, во Куманово се реализира проект за асфалтирање на позначајните сообраќајници во вредност од 55 милиони денари. Општина Куманово известува дека во изминативе денови било завршено асфалтирањето на улици во населбите „Перо Чичо“, „Ајдушка Чешма“, „Гоце Делчев“, „Тоде Мендол“ и во селото Черкези. Во изминативе неколку месеци биле поставени околу 17.000 метри квадратни асфалт.

 

*Извор на фотографија: Општина Куманово

 

Од предвидениот буџет, локалната самоуправа за асфалтирање на улиците во градот потрошила околу 47 милиони денари. Со реконструкцијата се опфатени главните сообраќајници во централното градско подрачје, но и помалите улици во кумановските населби. Интервенцијата кај дел од патната мрежа се врши по завршувањето на градежните работи за санација на канализационата мрежа. Општина Куманово ќе продолжи со реализација на проектот до исцрпување на финансиските средства предвидени за оваа намена.