Претходна статија
Почнува изработката на проектите за новите скопски булевари „Хрватска“ и „Љубљанска“
Следна статија
Проектот на „Тетракстис“ победник на Конкурсот за аква парк во Гостивар

Општина Кавадарци ќе изработи проект за нов градски пазар

Објавено на 20.07.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Нов градски пазар на постојната локација, со подземни паркиралишта и современо сообраќајно решение, е идејата која што општинските власти од Кавадарци сакаат да ја реализираат во претстојниот период. Општина Кавадарци денеска го распиша огласот за изработка на основен проект за изградба на идниот градски пазар. „Со оглед на тоа што овој објект не е реконструиран или осовремен повеќе од 20 години, неопходно е создавање на содржини кои ќе овозможат пазариштето да добие непосреден пристап до просторите кои се наменети за корисниците“ информираат од Општина Кавадарци.

 

 

Градскиот пазар треба да добие два ката од котата на приземниот дел, но и две подземни нивоа за подземно паркирање. Дел од надземната површина би се пренаменила во градски паркинг во периоди на намалено користење на пазарот. Објектот треба да добие и современо сообраќајно решение. Општина Кавадарци ќе го очекува доставувањето на понуди од заинтересираните проектантски бироа најдоцна до 9 август. Од локалниот буџет е проценето дека ќе се издвојат околу 800.000 денари за изработка на основниот проект за идниот градски пазар во Кавадарци.