Претходна статија
Започнува изградбата на затворениот градски пазар во Велес
Следна статија
Владата го поништи архитектонскиот Конкурс за студентскиот дом „Тодор Александров“

Општина Карпош со тендери за двата објекта на градинката „Мајски цвет“

Објавено на 05.10.2017 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Тетовската фирма „Инженеринг-Гроуп“ од Желино ќе ја гради новата детска градинка „Мајски цвет“ во скопската населба Тафталиџе 2. Општина Карпош на 22 септември го потпишала договорот за изградба на овој објект, за кој уште во април 2016 година им беа доделени средства во висина од 690.000 евра од Министерството за финансии. Грантот од Светската банка ќе биде искористен за изведба на нов објект на местото на постојната монтажна барака. Проектот ќе се реализира во период од 12 месеци, додека потпишаниот договор е во вредност од 10.614.271 денари.

 

 

Општинските власти од Карпош денеска распишаа и тендер за реконструкција и санација на детската градинка „Мајски цвет“ во населбата Тафталиџе 1. И оваа детска градинка е лоцирана во стара монтажна барака, чија реконструкција е проценето дека ќе чини 40 милиони денари. Реализацијата на проектот би се одвивала во рок од 12 месеци. Тендерската постапка е распишана во екот на изборната кампања за локалните избори, а изведувачот на работите би се избрал дури на 25 октомври.

 

Социјалдемократите, кои се опозиција на досегашното раководство на Општина Карпош, уште пред неколку недели реагираа на активностите на Општина Карпош во предизборниот период. При поставувањето на камен-темелник за градинката „Аврам Писевски“ во населбата Бардовци, од СДСМ потенцираа дека се работи за незаконски активности во спротивност со членот 8а од Изборниот законик.