Претходна статија
Прилеп ќе добие нов булевар со четири коловозни ленти
Следна статија
Се бара изведувач за новата фасада на владината зграда

Општина Илинден го подготвува теренот за новата населба „Јака“

Објавено на 07.11.2012 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Во очекување на првото јавно наддавање за парцели во новопланираната населба „Јака“ кај селото Марино, Општина Илинден работи на реализација на потребната инфраструктура кај локалитетот. Во тек е изградба на мост и локален пат за сообраќајно поврзување на новата населба која ќе се простира на површина од 28 хектари, а опфаќа 500 парцели за изградба на семејни куќи, трговски центар, хотелско сместувачки капацитети, забавен парк, спортски терени и простор за собири. Досега за продажба се понудени вкупно 54 парцели за домување и една парцела за изградба на хотелски комплекс, а јавното наддавање за првите 10 парцели ќе се оддржи на 12 ноември. Од Општина Илинден соопштуваат дека во наредниот период, како што ќе се подготвува техничката документација, ќе продолжат да се огласуваат и останатите градежни парцели од локалитетот „Јака“.

 

 

#

 

#

 

#

 

#