Претходна статија
Општина Чаир бара идејно решение за изградба на нова градинка
Следна статија
Со 55,9 милиони денари ќе се решава проблемот со водоснабдувањето на Гостивар

Општина Ѓорче Петров ја испитува можноста за модернизација на јавното осветлување

Објавено на 04.06.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

 

Физибилити студија ќе одговори на прашањето дали е неопходно да се трага по приватен партнер што би вовел автоматско улично осветлување на територијата на скопската општина Ѓорче Петров. Локалната самоуправа објави оглас за избор на консултант што ќе изготви физибилити студија врз чија основа ќе се утврди потребата за склучување на јавно – приватно партнерство. Општинските власти веќе спровеле две анкетни истражувања на граѓаните, коишто покажале дека огромното мнозинство меѓу нив ја поддржува модернизацијата на осветлувањето. Притоа, дури 82% од испитаниците се согласиле на јавно – приватно партнерство.

 

Студијата треба да ја определи техничката изводливост и финансиската оправданост од воспоставувањето на јавно – приватно партнерство за одржување и модернизација на уличното осветлување во Ѓорче Петров. Заинтересираните фирми имаат рок до 14 јуни за да ги достават понудите за изработка на физибилити студијата. Советодавниот документ за воведување на автоматско улично осветлување ќе ја чини општината околу 360.000 денари. Избраната компанија ќе има рок од 40 дена за подготовка на физибилити студијата, по што ќе се донесе конечна одлука на општинските власти околу натамошната реализација на овој проект.