Претходна статија
Се продаваат плацови за викендички на езерото „Младост“
Следна статија
Завршен новиот македонско - српски 400 kV далновод

Општина Демир Капија продаде парцели за изградба на хотел и пет индустриски објекти

Објавено на 03.11.2015 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Кај локалитетот Попова Кула во близина на Демир Капија во наредниот период треба да се издградат пет објекти од лесната и незагадувачка индустрија, и еден голем хотелски комплекс. Локалната самоуправа денеска по цена од 163 денари за метар квадратен успеа да ја продаде парцелата со површина од 10.336 метри квадратни, наменета за хотелски комплекс со приземје и четири ката. Истовремено, пет инвеститори, за 71 денар за метар квадратен купија градежно земјиште со површина од 931 до 13.243 метри квадратни, наменето за изградба на индустриски објекти.

 

 

 

Од денешната електронска аукција Општина Демир Капија во локалниот буџет ќе инкасира 2.834.582 денари (46 илјади евра). Купувачите во наредните 15 дена треба да ги уплатат парите за градежното земјиште, по што и официјално ќе се склучат купопродажните договори. Инвеститорите се должни да обезбедат одобренија за градење во рок од 9 месеци, односно во рок од 12 месеци за оние градежни парцели поголеми од 5.000 метри квадратни.