Претходна статија
Се проблематизира тендерот за изградба на браната „Конско“
Следна статија
Нова промена на Законот за градење

Општина Битола сама ќе го доградува битолскиот стадион

Објавено на 05.04.2016 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Наместо првичната најава за инвестирање по пат на јавно – приватно партнерство, Општина Битола ја промени одлуката и се одлучи со средства од локалниот буџет да го догради фудбалскиот стадион. Локалната самоуправа денеска објави тендер за избор на градежна компанија што ќе ја изведува северната трибина на спортскиот објект. Првата фаза од реконструкцијата и доградбата на стадионот под „Тумбе Кафе“ треба да се комплетира во рок од 24 месеци. Пред да започне реализацијата на проектот, Општина Битола ќе треба да го избере најповолниот понудувач. Заинтересираните фирми имаат рок до 25 април за да ги достават своите понуди за учество во проектот.

 

 

 

Очекувањата на локалните власти се дека изградбата на северната трибина ќе чини 233.538.821 денари (околу 3,8 милиони евра) без вклучен ДДВ. Проектот ќе се спроведе врз основа на изработената документација, со која е предвидено вкупниот капацитет на стадионот да се зголеми на 9.907 посетители. Покрај северната трибина, во наредните фази е зацртано да се доградат останатите две трибини, но и да се реконструира постоечката јужна трибина. Во согласност со првичниот проект, фудбалскиот стадион во Битола требаше да има капацитет од 12.000 гледачи.

 

Со финансиски средства во висина од 800.000 евра обезбедени од УЕФА, Општина Битола во соработка со Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) периодов ја реализираа делумната реконструкција на фудбалскиот стадион. Со зафатот беше предвидена санација на теренот, поставување на природна трева и инсталирање на рефлектори за одржување на ноќни фудбалски натпревари.

 

 

» Форумска дискусија за овој проект

 

 

Бојан Блажевски

bojan.blazevski@build.com.mk