Претходна статија
ЕЛЕМ кани кандидати за изградба на ХЕ Бошков Мост
Следна статија
Проблеми со префрлувањето на државното неизградено земјиште на општините

Општина Аеродром продолжува со уредување на нови паркови

Објавено на 14.01.2012 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Општина Аеродром распиша тендер за изградба на нов парк во населбата Лисиче, кој ќе биде комбинација на уредени зелени и водени површини со спортско – рекреативни терени и детски игралишта. Паркот ќе се простира на околу пет илјади метри квадратни покрај булеварот Србија, во близина на бензинската станица на Макпетрол. Во него ќе има песочник со трибини, детско игралиште со модерна урбана опрема, асфалтирано игралиште за кошарка, фонтани и водоскоци, како и езерце преку кое ќе има мост. Водата за езерцето ќе се обезбедува од артериски бунар, кој ќе биде лоциран во паркот. Водата освен што ќе се користи за полнење на езерцето, ќе се користи и за полевање на зелените површини. Пешачките патеки ќе бидат поплочени со гранитни плочки.