Претходна статија
ФОТО ВЕСТ: Наместо нова пруга, кал и камења меѓу Куманово и Бељаковце
Следна статија
Партијата на зелените бара усогласување на урбанистичките закони со Законот за урбано зеленило

Општина Аеродром ќе гради парк во Мичурин

Објавено на 24.01.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Локалната самоуправа од Аеродром распиша оглас за избор на фирма што ќе го изработи проектот за хортикултурно и партерно уредување на паркот Мичурин во истоимената населба. Зеленилото ќе се простира на земјиште со површина од 3.573 метри квадратни, кое е лоцирано на улицата „Анастас Митрев“. За подготовка на неопходната проектна документација ќе се издвојат околу 800.000 денари. Заинтересираните фирми ќе имаат рок до 8 февруари за да ги достават понудите за учество во распишаната постапка.

 

 

Проектот за хортикултурно и партерно уредување на паркот Мичурин треба да биде изготвен во рок од 30 дена. Врз основа на изготвената документација, Општина Аеродром ќе треба да распише тендер за избор на изведувач на идното парковско зеленило. На жителите од населбата Мичурин веќе подолг временски период им се ветува изградба на нов парк. Претходното општинско раководство ја промовираше изградбата на овој проект уште од 2015 година, но не го реализираше ветениот парк.