Претходна статија
Пропадна обидот за изградба на ски - центар на Водно
Следна статија
Македонските градежници се враќаат на странските пазари, Индија како најголем предизвик

Околу 9 милиони евра за продолжување на владиниот проект за изградба на 100 спортски игралишта

Објавено на 09.05.2013 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

#По неколкумесечен прекин, Агенцијата за млади и спорт ја продолжи реализацијата на владиниот проект за изградба на 100 повеќенаменски терени за спорт во сите македонски општини. Љубителите на спортот ќе добијат игралишта со современи спортски реквизити, кои ќе бидат заштитени со ограда и остветлени за спортување во вечерните часови. Објектите треба да бидат опремени со реквизити и опрема за фудбал, кошарка, ракомет и други спортови. Градежните компании „Бауер БГ“ од Скопје, „Бетон“ од Скопје, „Жикол“ од Струмица и македонската подружница на „ПСТ Холдинг“ се задолжени да ги изградат предвидените спортски терени во наредните 36 месеци. Вкупниот износ на склучените договори не е објавен, но проценетата вредност на проектот изнесува 571 милиони денари или околу 9,27 милиони евра. Со свои понуди на тендерот учествуваа седум домашни и странски субјекти.

 

Изведбата на ветените спортски терени се одолговлечи поради раскинатиот договор со хрватската градежна компанија „Конструктор инженеринг“ од Сплит. Агенцијата за млади и спорт во јули минатата година се одлучи на ваков потег поради непридржување до планот за изведување на градежните активности. Хрватите требаше да го завршат целиот проект до 2014 година. Вредноста на потпишаниот договор со оваа компанија изнесуваше 9,7 милиони евра.