Претходна статија
Повторно пролонгиран терминот за понуди за скопскиот трамвај
Следна статија
Проширувањето на „Митрополит Теодосиј Гологанов“ доцни три месеци

Охрид во потрага по идеи за уредување на Кејот „Македонија“

Објавено на 28.10.2014 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

#Локалната самоуправа од Охрид денеска објави Конкурс за избор на идејно решение за партерно и хортикултурно уредување на Кејот „Македонија“, кој се протега во центарот на градот долж езерото. Од архитектите се бара да понудат разработен концепт за уредување на јавниот простор, кој на граѓаните им служи за прошетка и одмор. Идеалниот авторски труд ќе треба да се вклопи во постојниот амбиент на просторот, со понудена максимална функционалност, автентичност и естетика, при што особен акцент треба да се стави на видикот кон Охридското езеро и осветлувањето на кејот. За оценување на пристигнатите идејни решенија е формирана жири – комисија во состав: Зоран Рафтоски, Бранко Арнаудов и Горица Гаврилоска.

 

Најуспешниот труд ќе добие награда во висина од 90.000 денари, додека на архитектот на второнаграденото решение ќе му се додели награда во износ од 30.000 денари. Рокот за доставување на идејните решенија истекува на 9 декември.