Претходна статија
Посигурно снабдување со струја на Пехчево
Следна статија
МЕПСО ќе вложи 82,5 милиони евра до 2020 година

Охрид домаќин на „Вечер на архитектурата“

Објавено на 28.07.2011 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Асоцијацијата на архитекти на Македонија вечерва го оддржува собирот „Вечер на архитектура“ во Центарот за култура во Охрид. На манифестацијата со свое предавање на тема „Идеални слики / Пертикуларни реалности“ ќе се обрати Минас Бакалчев, архитект и универзитетски професор на Архитектонскиот факултет. Проф. д-р Бакалчев е учесник и ко – куратор на Македонскиот национален павилјон на Венециското биенале и добитник на посебно признание со проектот „Град на можни светови“ за 2006 година. Во рамки на „Вечер на архитектурата“ ќе биде отворена изложбата „Созревање“ на авторот Валентин Константиновски, а на собирот ќе бидат презентирани и производи на компанијата „Тондах“. Манифестацијата започнува во 20 часот. Изложбата ќе биде поставена во изложбениот салон на Центарот за култура „Глигор Прличев“ – Охрид.

 

 

Бојан Блажевски