Претходна статија
Скопски „Бетон“ со намалена добивка
Следна статија
Граѓаните можат да се запознаат со „Палатите на старо Скопје“ - едукативна тура на 20 мај

Огромен пад на добивката на „Гранит“ во првиот квартал

Објавено на 15.05.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

 

Македонскиот градежен гигант „Гранит“ со значително намалена добивка на почетокот од 2018 година. вкупната добивка на оваа компанија изнесува 469.000 денари, што е огромен пад во споредна со минатогодишниот профит од 12.669.000 денари во истиот период. Според неконсолидираниот и неревидиран финансиски извештај објавен на македонската берза, главна причина за намалувањето на добивката е опаднатиот приход од продажбата на домашниот пазар. Во периодот јануари-март 2018 година е забележано намалување на овие приходи за повеќе од половина, односно тие биле заокружени на 290.053.000 денари.

 

 

Севкупно земено, оперативните приходи во првиот квартал од 2018 година изнесувале 552.702.000 денари. Наспроти нив, оперативните расходи на скопски „Гранит“ се намалиле на 558.436.000 денари. Сепак, на почетокот од годинава е забележано зголемување на трошоците за вработените и останатите трошоци од работењето.