Претходна статија
Македонските аеродроми го зголемија бројот на патници за 18,4% во првата половина од 2012 година
Следна статија
Нови 2 милиони долари за енергетска ефикасност во училиштата и градинките

Жителите на Пробиштип и Злетово од декември ќе имаат чиста вода за пиење

Објавено на 18.07.2012 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Во присуство на вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, амбасадорот на Република Словенија во земјва Ален Брајант Бергант и градоначалникот на Пробиштип Тони Тоневски, денеска беше поставен камен – темелник на пречистителната станица и на фабриката за вода со која граѓаните на Пробиштип, Злетово и 10-тина други населени места ќе добијат чиста вода за пиење. Објектот ќе се простира на површина од 300 метри квадратни и во него ќе се инсталира модерна опрема за ултрафилтрација на водата. Потребните финансии во висина од 1,4 милиони евра се обезбедени преку кредит од Јапонската агенција за меѓународна соработка „Џајка“ (JICA) во износ од 800 илјади евра и неповратни средства од страна на словенечката влада во висина од 480 илјади евра , додека општина Пробиштип од сопствениот буџет издвои 120 илјади евра.

 

Активностите на изградба на пречистителната станица ќе ги врши словенечката компанија „Искра системи“ од Љубљана, додека како подизведувач на работите се јавува компанијата „Бетон“ од Скопје. Инфраструктурниот објект треба да се изгради во период од 4 месеци, а очекувањата на локалната самоуправа од Пробиштип се дека проектот ќе се реализира најдоцна до средината на декември, кога се очекува да се обезбеди потребниот капацитет за редовно водоснабдување на жителите преку хидросистемот „Злетовица“.

 

 

» Форумска дискусија за Хидросистемот „Злетовица“