Претходна статија
Ревизорските извештаи за работењето на Град Скопје ја разбрануваа јавноста
Следна статија
Градот Скопје упорен за „барокизацијата“ на „Ибни Пајко“

Oд Скопје до Софија со воз во 2020 година

Објавено на 03.06.2016 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Директорот на Македонски железници – Инфраструктура Ирфан Асани тврди дека железничкото поврзување меѓу Македонија и Бугарија ќе се заврши најдоцна до 2020 година. „Ако се оди по планот, за четири години е предвидено да завршат сите градежни работи на пругата кон Бугарија и во 2020 година Скопје и Софија ќе се поврзат и по железнички пат“, истакна Асани на средбата со директорот на бугарската инфраструктурна железничка компанија Милчо Ламбрев.

 

 

 

Според директорот на бугарските железници, на делот од Софија кон македонската граница во моментов се работи на нова траса. „Ние ќе ги завршиме градежните работи до 2020 година, и како компанија сме подготвени железнички да се поврзиме и преку старата траса, иако паралелно ја градиме и новата траса кон границата со Македонија“, посочува Милчо Ламбрев.

 

На тлото на Македонија, во моментов се работи на изградба на пругата од Куманово до селото Бељаковце, а веќе се обезбедени и финансисии за втората фаза на проектот, делницата од Бељаковце до Крива Паланка. Градежниот факултет при УКИМ е избран за ревизија на основниот проект на пругата од Крива Паланка до самата граница со Бугарија. По финиширањето на последната фаза од проектната документација, треба да следи пронаоѓање на извор од каде ќе се обезбедат парите за изградба на третата фаза од железничкото поврзување меѓу Македонија и Бугарија.

 

 

» Форумска дискусија за железничкиот Коридор 8