Во индустриската зона Визбегово годинава ќе се инвестираат 20 милиони денари во изградба на дел од неопходната водоводна и канализациона мрежа. Градежните работи ќе започнат во ноември годинава, а целокупниот неколкугодишен проект ќе се реализира во неколку фази. За изградба на инфраструктурата во оваа индустриска зона ќе бидат потребни од 7 до 9 милиони евра, информираше денес министерот за транспорт и врски Горан Сугарески по средбата со градоначалникот на општина Бутел, Велимир Смилевски.
*Извор на фотографија: Општина Бутел
„Очекуваме до средина на септември, ЈП Водовод да го изработи проектот, по што Министерството ќе распише тендер за избор на изведувач за изградба и оваа година да започне уредувањето на зоната Визбегово“ изјави министерот Горан Сугарески. Тој потенцираше дека со инфраструктурниот зафат ќе се создадат услови за привлекување на нови домашни и странски компании што би инвестирале во оваа индустриска зона.