Претходна статија
Изгласан изгледот на уште четири згради во центарот на Скопје
Следна статија
Скопски „Водовод“ ќе зема кредит за да ја догради барокната зграда

Од кинески „ЦСР“ ќе ги купиме новите шест железнички гарнитури

Објавено на 24.06.2014 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Вицепремиерот Зоран Ставрески и министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески денеска го потпишаа договорот за набавка на нови четири дизел моторни и две електро моторни гарнитури за потребите на Македонски железници – Транспорт. Возовите ќе ги произведе кинеската „CSR Corporation Ltd“ (ЦСР), која беше избрана за подобар понудувач од второрангираниот швајцарски производител „Штадлер“. Новите патнички гарнитури ќе имаат вкупен капацитет од околу 1.200 патници и ќе бидат доволни за покривање на 60% од линиите што ги одржува МЖ – Транспорт. Првиот воз ќе пристигне во јули 2015 година, а останатите ќе се реализираат етапно, така што секој месец ќе пристигнува по една гарнитура.

 

 

 

Овие патнички возови е предвидено да бидат климатизирани, опремени со вакуум тоалети, да ги задоволуваат најстрогите мерки за енергетска ефикасност, но и да ги обезбедат сите безбедносни стандарди и да им овозможат превоз на лицата со ограничена мобилност. За нивната набавка ќе се потрошат 25 милиони евра добиениот преку кредит од Европската банка за обнова и развој. Покрај патничките возови, од овој заем се финансира купувањето на 150 товарни вагони за потребите на МЖ – Транспорт, но и реконструкцијата на постоечките локомотиви и гарнитури за што ќе се потрошат 10 милиони евра.

 

 

 

Кинеската компанија „ЦСР“ е еден од најголемите светски производители на локомотиви и вагони за превоз на патници и стока. Тие лани оствариле приход од 16 милијарди американски долари и потпишале странски договори во износ од 2,2 милијарди долари.