Претходна статија
Ништо од идејата за воведување воз од Скопје до Солун!
Следна статија
Системската градба тема на третата „Кнауф Академија“

Од 2014 година постапките за урбанистичките планови ќе течат по електронски пат

Објавено на 06.12.2013 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески денеска изјави дека од следната година сите постапки за изготвување и одобрување на урбанистички планови ќе се одвиваат по електронски пат. Во својот говор на конференцијата „Вистински импакт за подобро владеење“ тој најави дека од 2014 година ќе стартува целосна дигитализација на постапката за донесување и одобрување на урбанистичките планови. Со воведувањето на оваа мерка ќе се овозможи урбанизација на просторот на потранспарентен и поефикасен начин што ќе ги зголеми инвестициите и ќе го забрза развојот на економијата. Македонија ќе биде првата европска земја што ќе го спроведе електронскиот систем за издавање на урбанистички планови.

 

 

Во денешниот говор министерот Јанакиески се осврна и на досегашните резултати од реализацијата на проектот за електронско издавање на одобренија за градење. Во периодот од 1 јуни до 1 ноември годинава се поднесени 1.504 барања за добивање на градежни дозволи и веќе се издадени 389 одобренија. Просечното време за добивање на дозвола за градење во ноември изнесувало 18 дена, за разлика од претходната постапка што траела 45 дена, а во некои случаи и до 90 дена.