Хрватскиот град Дубровник од 16 до 18 март ќе биде домаќин на третото изданиe на архитектонскиот симпозиум „Викенд со Орис“. Овогодинешниот собир на архитекти ќе биде посветен на еден од великаните на светската архитектонска сцена – Тадау Анду. На собирот ќе се одржи светската промоција на монографијата „Transcending Oppositions/Tadao Ando’s Recent Works“, која под уредништвото на Мароје Мрдуљаш е издадена од хрватското списание „Орис“. Во рамките на архитектонскиот собир, на 16 март ќе се отвори изложбата посветена на Тадау Анду во Уметничката галерија во Дубровник. Тема на изложбата е импресивната обнова на објектот Punta della Dogana во Венеција.
Овогодинешниот симпозиум „Викенд со Орис“ ќе се одржи во дубровничкиот хотел „Ехцелзиор“. Тридневниот собир на архитекти, дизајнери, уметници и деловни лица ќе го надополнат предавањата на меѓународно признатите архитектонски имиња: Соу Фуџимото од Јапонија, Јухани Паласма од Финска, Мароје Мрдуљаш од Хрватска и Карин Шерман од Хрватска. Котизацијата за учество на овој врвен архитектонски симпозиум е 300 хрватски куни, додека студентската котизација изнесува 90 куни. Организатор на настанот е хрватското архитектонско списание „Орис“.