Претходна статија
Се асфалтираат новите ленти на Трета Македонска Бригада
Следна статија
Бројот на паркинг - места лани се зголемил за речиси 4.000

Од 15 јуни стартува редовната бродска линија Охрид – Поградец

Објавено на 21.05.2014 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Министерот за транспорт на Албанија, Едмонд Хаџинасто, при денешниот престој во Поградец го најави почетокот на функционирањето на редовната бродска туристичка линија што ќе го поврзе овој албански град со Охрид. Тој се запозна со текот на градежните работи за реконструкција на пристанишната инфраструктура во Поградец, која е неопходна за непречено одвивање на бродскиот сообраќај. „Реконструкцијата на пристаништето се прави со цел да се воспостави бродската линија со Охрид“, изјави албанскиот министер Хаџинасто. Планираната линија ќе профункционира на 15 јуни и редовно ќе се опслужува за време на главната туристичка сезона до 15 септември.

 

* Пристаништето во Охрид

 

 

Редовната бродска линија Охрид – Поградец се најавува речиси една деценија наназад, при што македонското и албанското министерство минатите години ги договорија сите законски и подзаконски акти. Со комплетирањето на градежниот зафат на албанска страна, главен предуслов за воведување на бродската линија е ажурноста на македонските власти во делот на техничката подготовка за воведување на меѓународниот бродски транспорт. На охридското пристаниште засега не се поставени објекти за царинска и пасошка контрола на патниците, но истите ќе мора да бидат завршени пред почетокот на опслужување на бродската линија.