Претходна статија
Владата и локалната самоуправа работат на заштита на Скопскиот аквадукт
Следна статија
Официјална конференција за ФИДИК договори во градежништвото се одржа во Скопје

Од 13 март изложба „Пре-фабрикати: Растечките куќи на Скопје“

Објавено на 25.02.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Музејот на современа уметност во Скопје, во периодот од 13 март до 3 април, ќе биде домаќин на изложбата „Пре – фабрикати: Растечките куќи на Скопје“. Отворањето на изложбата е закажано за 13 март, со почеток од 19 часот. Настанот ќе го отвори министерот за култура Роберт Алаѓозовски, а воведен говор ќе одржат професорката Елке Красни од Австрија и македонската архитектка Даница Павловска.

 

 

„Катастрофалниот земјотрес во 1963. уништи големи делови од Скопје. Природната катастрофа предизвика бран на меѓународна солидарност и ги обедини идеолошки сосема различните светови во еден заеднички хуманитарен проект. Градењето монтажни куќи им овозможи на повеќе земји да дадат видлив и јасно препознатлив придонес во обновата на Скопје. Во последните 50 години, увезените куќи од Финска, Мексико или САД постепено се трансформираат и растат, и денес тие се целосно интегрирани во урбаната структура на градот. „PRE/FABRIC“ ги истражува трагите на овие куќи низ нивната историја и развој“ се нагласува во поканата за присуство на овој настан испратена до сите заинтересирани лица.