Претходна статија
Општина Гази Баба продава земјиште за станбени згради и куќи
Следна статија
Подземна сообраќајница, трамвај, барокни фасади и ботаничка градина не очекуваат во 2013 година

Објектот „Брути“ ја доби главната награда на АСК 2012

Објавено на 15.11.2012 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

АСК 2012Вчеравечер, во Музејот на град Скопје се одржа „АСК – Архитектура Скопје 2012“, оваа година со учество на 18 проекти од 11 автори. Главната награда за архитектура на Град Скопје, ја добија архитектите од „Инженеринг Импекс СА“, Мишо Арсов, Аднан Сарачини и Игор Димов, за проектот „Брути“. Исто така беа врачени и две пофалници за придонес во архитектурата на Град Скопје, едната на авторите на деловниот објект „Осигурителна полиса“, Сања Раѓеновиќ и Ненад Раѓеновиќ, а другата на авторите на трговскиот центар „Skopje City Mall“, Грегори Ибнез, Звонко Тасевски и Крсте Петров од „ДСЦ Дизајн“.

 

АСК е традиционална манифестација која се одржува секоја година во чест на 13 Ноември, Денот на ослободувањето на Скопје, а се реализира под покровителство на Град Скопје. „Во склад со традицијата на одржување на годишната манифестација Архитектите за Скопје – АСК, интенцијата е да се обедини креативниот потенцијал на авторите – урбанистите, архитектите, градежниците и сите оние што учествуваат во изградбата на градот и придонесуваат Скопје да прерасне во современ град“, вели архитектот Аљоша Шопар, селектор на АСК 2012 и помошник – раководител на Секторот за планирање и уредување на просторот на Градот.

 

Објект „Брути“Објект „Осигурителна Полиса“Skopje City Mall