Претходна статија
Одржана работилница „100 идеи за Дебар Маало“
Следна статија
Екологистите бараат Македонија да престане со употреба на фосилните горива

Објавени резултатите од Конкурсот за изгледот на градскиот парк во Кочани

Објавено на 27.10.2017 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Општина Кочани спроведе архитектонски Конкурс за избор на идејно решение за градскиот парк предвиден под ридот Лукобија, на кој биле доставени пет идејни решенија. Жири комисијата се одлучи да не додели прва награда, а втората награда ја доби авторката Сара Симоска. Наградата доделена од Општина Кочани ќе значи надоместок за откуп на авторското дело. Архитектонскиот конкурс беше објавен од општинските власти кон крајот на јуни годинава.

 

*Извор на фотографија: Википедија.

 

Општинските власти имаат намера да инвестираат во натамошно унапредување на парковското зеленило и изгледот на паркот во Лукобија. На овој локалитет се наоѓа познатиот Споменик на слободата, чии автори се Радован Раѓеновиќ и Глигор Чемерски. Монументалното здание е отворено во 1981 година и се смета за едно од позначајните споменици на Народно-ослободителната борба во Македонија.