Претходна статија
Ништо од реконструкцијата на Универзална сала за годинава
Следна статија
Летањето дронови за откривање на загадувачите на воздухот во Скопје одложено за наесен

Објавен тендерот за реализација на проектот „Скопје паметен град“

Објавено на 29.03.2019 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Град Скопје денеска го објави тендерот за реализација на проектот „Скопје паметен град“, со кој би се набавил и имплементирал систем за паметно осветлување и платформа за дигитален град. Со претстојниот тендер проценет на речиси 400 милиони денари е предвидено да се набават и инсталираат 9.286 ЛЕД светилки, со што ќе се обезбеди заштеда на електрична енергија и до 70% во делот на уличното осветлување на Скопје.

 

 

Дополнително, со платформата за дигитален град ќе се опфати воведувањето на системи за паметно осветлување, паметно паркирање, мониторинг на квалитетот на воздухот, јавно мислење, паметно мерење на потрошувачка на вода и изработка на градски портал. Градот Скопје ќе ги очекува понудите од заинтересираните компании најдоцна до 13 мај, по што ќе се избере најповолниот понудувач што ќе го реализира проектот „Скопје паметен град“.