Претходна статија
Започна проширувањето на булеварот „Христијан Тодоровски Карпош“
Следна статија
Град Скопје забрзано ита кон промена на изгледот на „Ибни Пајко“

Објавен тендерот за изведувач на нов Луна парк во Скопје

Објавено на 25.04.2016 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Градот Скопје деновиве го објави огласот за избор на градежна компанија што ќе го гради новиот Луна парк, со предвидена површина од 40.000 метри квадратни. Реализацијата на градежниот дел од проектот е проценето дека ќе чини 86.873.242 денари, односно околу 1,4 милиони евра без вклучен ДДВ. Градската администрација ги очекува понудите од заинтересирани субјекти до 10 мај. Со овој тендер ќе се избере компанија која ќе ги реализира сите оние делови од забавниот парк кои не се вклучени со веќе публикуваниот тендер, со кој се трага по компании што ќе ги набават и монтираат планираните адреналински, семејни и детски реквизити.

 

 

 

Во меѓувреме, градската власт не го завршила процесот за избор на фирма од која ќе се купат реквизитите за новиот Луна парк. Според објавените информации на „Утрински весник“, рокот за доставување на понудите од заинтересирани субјекти бил продолжен два пати, при што последниот рок е до крајот на месецов. Вкупната вредност на овој проект изнесува 6,5 милиони евра, кои се обезбедени од државниот буџет и од касата на Град Скопје. Новиот забавен парк во главниот град треба да се изгради најдоцна до 2018 година.