Претходна статија
2018 година бериќетна за македонскиот пазар на недвижности
Следна статија
За рекордни 5 дена се исцрпија средствата за субвенции за печки на пелети

Објавен тендер за регулација на коритото на Конска река во Гевгелија

Објавено на 06.11.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Општина Гевгелија објави меѓународен тендер за изведба на првата фаза од проектот за регулација на речното корито на Конска река. Станува збор за проект со кој ќе се регулираат 600 метри од оваа река, односно ќе се формира минор корито на регулација, 7 каскадни прагови и заштитни насипи. Со реализацијата на градежните работи ќе се обезбеди заштита од излевање на оваа река при обилни врнежи, кои во минатото придонесуваа за појава на поплави во делови од Гевгелија. Општинската администрација за реализација на овој проект од Европската Унија доби финансиски средства во износ од 516.000 евра.

 

Заинтересираните компании ќе имаат рок до 9 јануари 2019 година за да ги поднесат пријавите за учество на меѓународниот тендер. Проектот се реализира со финансиска помош од ИНТЕРРЕГ – ИПА Програмата за прекугранична соработка меѓу Македонија и Грција за периодот 2014 – 2020 година. Носители на проектот се Општина Гевгелија, ЈПКД „Комуналец“ од Гевгелија, јавните комунални претпријатија од грчките општини Поликастро и Халкидона и Универзитетот „Аристотелу“ од Солун.