Претходна статија
ЕУ ќе финансира изработка на План за одржлив урбан транспорт на Скопје
Следна статија
До јуни ќе се заврши реконструкцијата на патот Гостивар - Кичево

Објавен повик за учество во работилница за деца за модернистичката архитектура на Скопје

Објавено на 27.03.2019 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

„Плоштад Слобода“ го објави јавниот повик за учество во работилницата за деца „Град за сите: Модерна за деца 2“, која што ќе ја третира модернистичката архитектура на Скопје. Работилницата е наменета за деца на возраст меѓу 8 и 12 години. Ќе се одвива за време на викенди, по три часа на следниве датуми: 6 и 7, 13 и 14 и 20 и 21 април. Настанот опфаќа едукативни прошетки и посети на различни локации низ Скопје (МСУ, ФЛУ, МОБ, УКИМ и други), но и ликовна работилница и работилница за изработка на аналогна и дигитална фотографија.

 

 

Работилниците ќе бидат водени од Наташа Вчкова (архитектура и фотографија), Стефан Видиков (дигитална фотографија), Никола Ѓорѓиевски (архитектура/урбанизам), Доротеј Нешовски (ликовно творештво) и Гала Насева (аналогна фотографија). Материјалите и опремата за фотографија ќе бидат обезбедени од тимот на „Плоштад Слобода“. Овогодинешната работилница за деца е поддржана од програмата за култура на Град Скопје, а пријавувањето за настанот треба да го извршат родителите на децата.