Претходна статија
ФЕЉТОН: Генералниот план за Скопје во 1981 година - град со максимум 350.000 жители (6)
Следна статија
12. Pop Up AKTO со акцент на Железничарската зграда во Скопје

Обезбедени резервни делови за мерните станици за воздух

Објавено на 30.10.2017 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Министерството за животна средина и просторно планирање ги набави неопходните делови за мониторинг станиците за мерење на квалитетот на воздухот во земјава. Со обезбедените финансии од речиси 3 милиони денари се набавени резервни делови за мерните инструменти во овие станици, како и потрошен материјал за потребите на кацибрационата лабораторија за квалитет на амбиентниот воздух. Со ваквиот потег ќе се овозможи непречена работа на мерните станици за квалитетот на воздухот, чии податоци привлекуваат огромно внимание од граѓаните во текот на зимските месеци.

 

 

 

Ако денеска се отвори веб-страницата на Државниот автоматски мониторинг систем за квалитет на амбиенталниот воздух, може да се забележи дека не можат да се пронајдат податоци од две мерни станици – едната во Велес и втората во близина на скопското село Мршевци. Овие станици беа расипани уште во текот на минатата година, иако се наоѓаат во две сензитивни подрачја од аспект на квалитетот на воздухот.

 

Од надлежното министерство неодамна информираа дека со имплементацијата на ИПА проект се изврши набавка на мобилна мониторинг станица, различен тип на анализатори и возило за одржување на мониторинг системот. Во мерните станици во Тетово, Куманово и Битола 2 во текот на јуни годинава се изврши замена на дел од тамошните инструменти, додека системот за објавување податоци е ставен во функција на почетокот од август.