Претходна статија
Серијата настани „Го сакам ГТЦ“ продолжуваат без прекин и во јули
Следна статија
Ново концесиско поле за експлоатација на руда во рудникот „Саса“

Обележјето на Мајка Тереза сепак ќе никне на плоштадот „Македонија“

Објавено на 03.07.2013 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Градежната парцела со површина од 621 метри квадратни спроти споменикот „Воин на коњ“ [»мапа] бесплатно ќе ја добие  индискиот бизнисмен Субрата Рој. Одлуката за подарување на атрактивната локација во строгиот центар на Скопје ја донело Министерството за култура, а истата веќе е публикувана во Службен весник. Префрлањето на сопственоста на земјиштето на компанијата „Сахара глобал“ ќе се реализира во рок од 60 дена, по што обележјето на Мајка Тереза ќе може да почне да се гради на постоечкиот пешачки коридор помеѓу хотелот во изградба „Мериот“ и планираниот хотел што треба да го гради грчкиот бизнисмен Деметрис Кондоминас. Во согласност со податоците од ДУП „Мал Ринг“, за обележјето на Мајка Тереза е дозволена максимална висина од 32 метри.

 

 

* Архивска фотографија од поставувањето на спомен – плочата на Мајка Тереза во јануари годинава

 

 

Изведбата на овој објект ќе ја финансира бизнисменот Субрата Рој, кој заедно со македонскиот премиер Никола Груевски во јануари годинава поставија спомен – плоча, како симбол за почетокот на реализацијата на проектот. И покрај бројните шпекулации и макети што досега беа неофицијално објавени, дефинитивниот официјален изглед на спомен – обележјето на Мајка Тереза сè уште не е достапен на увид на македонската јавност.

 

 

» Форумска дискусија за овој проект