Претходна статија
Уште еден тендер за изградба на водоводот во Сопиште
Следна статија
Избори се ближат - проектот „Вардарска долина“ пак се актуелизира

Новото училиште во Капиштец конечно доби „амин“ од Министерство за финансии

Објавено на 23.03.2016 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Два дена по директното обраќање на градоначалникот Андреј Жерновски, скопската општина Центар денеска ја доби согласноста од Министерството за финансии за кредитно задолжување во функција на обезбедување финансии за изградба на ново основно училиште во населбата Капиштец. Од Општина Центар се надеваат дека владата ќе има конструктивен пристап и ќе донесе одлука за долгорочно задолжување кај избраната деловна банка од општината, која од утре ќе ги продолжи активностите за заокружување на постапката и за избор на банка – кредитор.

 

 

 

„Министерството потврди и одобри дека Општина Центар има финансиски капацитет да се задолжи во износ од 297.750.000 денари (4,8 милиони евра), кои ќе бидат наменети за изградба на првото училиште во оваа населба. Општината ги исполнува сите услови за подигнување на кредит, бидејќи претходно по предлог на градоначалникот, беше раскинат договорот за кредит за изградба на барокна катна гаража, склучен од претходното раководство и одлучи парите да ги инвестира во изградба на ново, современо основно училиште“, информираат од Општина Центар.

 

За современиот образовен објект во Капиштец веќе е изработена неопходната проектна документација. Локацијата за градење е исчистена и создадени се сите предуслови за реализација на проектот. Општина Центар веќе објави тендер за избор на градежна компанија што ќе го гради новото училиште, во кое ќе посетуваат настава 500 ученици од оваа скопска населба.