Претходна статија
Земјоделските површини во Полошко ќе добијат пристап до систем за наводнување
Следна статија
Турски „Чагатај Кабло“ ја отвори новата фабрика во ТИРЗ Скопје

Ново продолжение на мораториумот за градење во Општина Центар

Објавено на 31.08.2018 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Советот на општина Центар на вчерашната седница повторно го продолжи мораториумот за градење во центарот на Скопје. Станува збор за четврто продолжување на одлуката за запирање на спроведувањето на Деталните урбанистички планови на територијата на општина Центар. „Со донесувањето на оваа одлука, општината прави чекор кон подобрување на животната средина и овозможување на похумани и нормални услови за живеење на жителите на Центар“ информираат локалните власти.

 

На вчерашната седница на општина Центар, по подолг период во земјава, се донесе одлука за недонесување на измените и дополнувањата на ДУП-от за блок 24, којшто опфаќа дел од територијата на населбата Капиштец. Како што образложуваат од општина Центар, овој детален урбанистички план не бил донесен поради низа неправилности, меѓу кои се и зголемениот број на жители и возила, станбени објекти и потребата од повеќе зеленило за жителите од населбата Капиштец. Блокот 24 е во состав на ДУП-от Градска четврт Ј 07.