Претходна статија
Обележјето на Мајка Тереза сепак ќе никне на плоштадот „Македонија“
Следна статија
Распишан тендерот за реконструкција на скопската железничка станица

Ново концесиско поле за експлоатација на руда во рудникот „Саса“

Објавено на 04.07.2013 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

#Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески денеска го пушти во употреба новото концесиско поле во најголемиот македонски рудник за олово и цинк „Саса“ кај Македонска Каменица. Со зафатот којшто се изведуваше во изминативе две и пол години е продолжено полето за експлоатација во рудникот со дополнителни 0,8 квадратни километри, додека временскиот период на негова експлоатација е продолжен за 12 години. До новото поле се изградени подземни објекти неопходни за вадењето на рудата, а купена е и модерна опрема од шведскиот производител „Атлас копко“ за ископ, утовар и транспорт на сировата руда од подземните копови до депоата кои се на отворено во рамките на рудникот.

 

Вкупната вредност на инвестицијата изнесува 24 милиони долари. Со реализираниот проект во рудникот „Саса“ ќе се вработат дополнителни 30 лица. Во наредниот период треба да продолжи инвестицискиот циклус на руската компанија „Солвеј“ со средување на постоечките тавани во тунелите во рудниците, за што веќе е набавена опрема. Рудникот за олово и цинк „Саса“ лани оствари годишно производство на 700.000 тони сирова руда.