Претходна статија
ТЕМА: Многу зборуваме, малку вложуваме во енергетската ефикасност и обновливите извори на енергија
Следна статија
Отворена „Скопска недела на архитектурата 2012“

Новите пет споменици во центарот на Скопје ќе чинат 67 милиони денари

Објавено на 08.10.2012 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Кавадаречката фирма „Урбан инвест“ е избрана од страна на Општина Центар за да ги изработи постаментите за спомен – обележјата на Кузман Јосифовски – Питу, Христо Узунов, Христо Татарчев, Павел Шатев и Васил Чакаларов. Активностите за изведување на градежниот дел на новите споменици ќе чинат 25.960.000 денари, односно над 420.000 евра. Локалната самоуправа од Центар веќе склучи два договора за лиење на скулптури и релјефи во бронза на Васил Чакаларов и Христо Узунов кои заедно чинат 27.712.772 денари и за лиење во бронза на спомен обележјата на Христо Татарчев, Павел Шатев и Кузман Јосифовски – Питу за кои се одвоени 13.006.978 денари. Досегашната збирна сума за изработката на најновите пет споменици во центарот на Скопје изнесува 66.678.850 денари или околу 1,1 милиони евра, без првично одвоените хонорари за авторите кои ги изработија уметничките дела.

 

 

* Локацијата за споменик на Христо Узунов

 

 

„Урбан инвест“ има рок од 90 денови за да ги изработи постаментите за спомен – обележјата, на кои ќе се постават идните споменици, кои во моментов се лијат во италијанската леарница „Гуастини“ и во скопските „РЖ Институт“ и „Панко“. Споменикот на Христо Татарчев ќе се постави на аголот од улиците 11 октомври и Димитрија Чуповски, Кузман Јосифовски – Питу ќе се издигне во близина на споменикот посветен на Македонските бранители во Жена – паркот, Павел Шатев ќе се лоцира на аголот од подземниот влез на Градски Трговски Центар, обележјето на Христо Узунов ќе се смести спроти Министерството за правда на улицата Димитрија Чуповски, додека споменикот на Васил Чакаларов ќе се постави во средиштето од кружниот тек на вкрстувањето помеѓу улиците Митрополит Теодосиј Гологанов, Мито Хаџивасилев Јасмин и Костурски херои во населбата Капиштец.