Претходна статија
Туристичкиот центар Маврово доби едукативна патека за деца
Следна статија
Совети за намалување на сметките за време на грејната сезона

Новиот водовод во Тетово ќе мора да ја чека филтер станицата

Објавено на 15.10.2015 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Министерството за транспорт и врски е во потрага по изведувач што ќе ја гради филтер станицата на водоснабдителниот систем во Тетово,  со проценета вредност од околу 2,2 милиони евра. Филтер станицата треба да биде завршена во рок од 12 месеци. Градежните фирми треба да ги достават своите понуди на распишаниот тендер најдоцна до 3 ноември, за кога е закажано нивното јавно отворање. Во меѓувреме, во Тетово привршуваат работите за поставување на цевковод долг 8,5 километри за зафаќање на водите од Студена река и реката Пена. Водоснабдителниот систем треба да обезбеди 200 литри вода во секунда за намирување на потребите за вода на тетовчани. На инфраструктурниот проект работат екипите на тетовската фирма „НБ Компани“. За цевководот, шахтите, испусните вентили и останатата инфраструктура од државниот буџет веќе беа обезбедени 114.999.913 денари, или над 1,8 милиони евра.

 

 

Бојан Блажевски

bojan.blazevski@build.com.mk