Претходна статија
ФОТО ВЕСТ: Отворен „Веро центар“
Следна статија
ФОТО ВЕСТ: Илуминација на Скопско кале

Новиот паркинг кај транспортниот центар пуштен во употреба

Објавено на 07.09.2010 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Денеска кај транспортниот центар во Скопје беше пуштено во употреба новото паркиралиште со кое ќе стопанисува ЈП „Градски паркинг“. На површина од 6.840 метри квадратни, паркингот има 218 обележани паркинг места кои може да се користат по цена од 25 денари на час но постојат и опции за месечна и годишна претплата по цени од 2.000 и 20.000 денари соодветно. Паркингот се наоѓа помеѓу улиците „Владимир Комаров“ и „Беласица“, веднаш до поштата под транспортниот центар.


Паркиралиштето е превидено да го олесни прашањето со паркинг простор во овој дел од од градот, каде освен големиот број станбени висококатници се наоѓаат и значителен број деловни објекти меѓу кои и седиштето на „One“ а во непосредна близина наскоро ќе се отвори и деловниот центар „Меги“.


Изведувачи на работите се компанијата „Беграмо инженеринг“ и ЈП „Градски паркинг“.


### ###