Претходна статија
Наредниот месец ќе почне реконструкцијата на автопатот Велес - Скопје
Следна статија
На продажба одат уште 15 парцели за домување во населбата „Јака“

Новиот објект на Велешкиот театар ги отвори вратите

Објавено на 26.06.2014 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Премиерот Никола Груевски и министерката за култура Елизабета Канческа – Милевска денеска го пуштија во употреба новиот објект на Велешкиот театар, лоциран во центарот на Велес [»мапа]. Зданието се простира на површина од 4.200 метри квадратни и располага со голема сала со капацитет од 370 посетители и мала сцена која може да прими од 50 до 110 посетители. Основниот сценски простор на големата сцена е од модуларен тип, со три оркестарски и осум сценски платформи. Во театарската зграда е инсталирана опрема и уреди, аудио и видео системи од врвни светски производители, со што ќе се овозможи подготовка на уметнички дела со високи технички перформанси. Објектот ќе ги пречекува посетителите во луксузно фоаје, а во негови рамки е предвиден и простор за работилница и за администрацијата на театарот.

 

* извор: Влада на РМ 

 

 

Изградбата на зградата на Велешкиот театар се одвиваше повеќе од осум години – камен темелникот за овој објект беше поставен во мај 2008 година. Проектот за новото културно здание го изработија Илија Стојчевски, Моника Стојчевска и Билјана Христова, а градежните работи на објектот ги изведуваше фирмата „Еуро Проект“ од Тетово.

 

* извор: Министерство за култура

 

 

Од Министерството за култура информираат дека е во тек Конкурсот за избор на драмски текст, кој до крајот на годинава премиерно ќе биде изведен на сцената на новиот велешки театар. Со изведбата на овој објект, Велес ќе ја добие можноста да биде домаќин и на оперски и на балетски претстави. Велешкиот театар „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“ оваа година заокружува период од 66 години театарска дејност.

 

 

» Форумска дискусија за овој проект