Претходна статија
Покрај на прошетка, во иднина ќе скијаме на Водно
Следна статија
ЕЛЕМ бара изведувач за изградба на новиот административен објект во класицистички стил

Новиот мост на Дрим во Струга ќе се гради претстојната пролет

Објавено на 19.10.2012 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

По измината речиси година и половина од рушењето на препознатливиот пешачки мост на реката Дрим во непосредна близина на Паркот на поезијата во центарот на Струга [»мапа], локалната самоуправа конечно се огласи со информации за новиот мост кој треба да се изгради на негово место. Градежните работи треба да започнат во текот на пролетните месеци од 2013 година, а финансиската конструкција за целокупниот зафат изнесува 300.000 евра. Во моментов се привршува техничката документација како и постапката за избор на градежна компанија која ќе го реализира инфраструктурниот објект. Избраното идејно решение на распишаниот конкурс веќе е публикувано во јавноста.

 

Од Општина Струга објаснуваат дека причината за одложување на почетокот на градба лежи во недостигот на финансиски средства, кои треба да бидат обезбедени од локалниот буџет во висина од 200.000 евра и од Министерството за транспорт и врски во износ од 100.000 евра. Мостот кој помеѓу стружани беше познат и како „Мостот на Нина“ беше урнат во јуни 2011 година поради неговата руинираност и небезбедноста на пешаците кои го користеа, за што претходно се изјасни и експертска комисија од Министерството за транспорт и врски која изврши проценка на неговата конструкција.

 

 

 

Победничкото идејно решение за новиот мост:

 

Новиот мост на Дрим во СтругаНовиот мост на Дрим во СтругаНовиот мост на Дрим во Струга