Претходна статија
Старт на изградбата на кружен тек кај „СП Планет“ во Ѓорче Петров
Следна статија
Во Тетово ќе се гради театар и библиотека

Новиот „Мал Ринг“ збогатен со панорамско тркало

Објавено на 08.10.2010 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

По маратонската жолчна расправа која траеше до доцна вечерта, завчера советот на Општина Центар ги изгласа последните измени и дополнувања на Деталниот урбанистички план „Мал Ринг“. Со ова се дава зелено светло за сите објекти од „Скопје 2014“ кои станаа спорни после одлуката на Уставниот суд со која беше соборена претходната верзија на планот. Новина е предвиденото педесетметарско панорамско тркало кое треба да никне покрај Вардар, веднаш до парцелата на која ќе се обновува Офицерскиот дом.


Покрај претставките од граѓаните и противењето на опозицијата, отфрлени беа и забелешките на Асоцијацијата на архитекти на Македонија. Исто така не беа прифатени забелешките од „Македонски телеком“ и „Комерцијална банка“ кои алармираа дека реализацијата на зацртаните проекти во дадената форма ја загрозува нивната подземна инфраструктура. Како дамка во процедурата за донесување на планот останува начинот на кој беше изведена јавната презентација.



Форумска дискусија за ДУП Мал Ринг » овде