Претходна статија
„Бауер БГ“ ќе го гради водоводот во Општина Сопиште
Следна статија
ГТЦ повторно во опасност, владата или граѓаните ќе бидат поупорни?

Новиот Луна парк во Скопје ќе почека уште еден тендер

Објавено на 03.07.2016 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Уште еден неуспешен тендер за избор на компанија од која ќе се купат реквизитите за најавениот нов Луна парк во Скопје. Градот Скопје ја поништи тендерската постапка откако ниту една од седумте понуди не ги исполнила неопходните услови пропишани од градските власти. Дополнителниот тендер за купување на седум реквизити за Луна паркот во Скопје ќе биде наскоро објавен. Првично вредностљ на реквизитите беше проценета на над 2 милиони евра. Станува збор за набавка на само еден дел од планираните содржини на паркот, кои треба етапно да се набавуваат во неколку фази.

 

 

 

Вкупната вредност на комплексот кој ќе се оформи на околу 40.000 метри квадратни во Градскиот парк изнесува 6,5 милиони евра. Новиот Луна парк ќе има два адреналински, шест семејни и 18 детски реквизити и истиот треба да биде комплетиран до 2018 година.

 

 

» Форумска дискусија за овој проект