Претходна статија
Подземна сообраќајница, трамвај, барокни фасади и ботаничка градина не очекуваат во 2013 година
Следна статија
ЈСП подготвува терен за изградба на ресторанот на Милениумскиот крст

Новиот ГУП на Град Скопје патува низ времето

Објавено на 16.11.2012 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

#Доцни изработката на конечната верзија на Генералниот урбанистички план на главниот град за периодот 2012 – 2022 година. Иако овој важен документ требаше да биде усвоен од Советот на Град Скопје најдоцна до 30 октомври, сепак архитектот Андреј Токарев, кој е вклучен во тимот на неговото изготвување, во изјава за денешното издание на весникот „Нова Македонија“ напоменува дека сеуште се работи на новиот ГУП. Градскиот совет досега усвои две различни нацрт – верзии во текот на јули и на септември, а локалните власти организираа и две стручни расправи за експертската јавност. Засега нема информации за конечниот датум до кога треба да се вметнат забелешките и барањата на локалните самоуправи и на стручната јавност во финалната верзија на документот, а неговото усвојување од страна на градските советници се одложува за некоја од наредните седници.

 

Според информациите што беа објавени на последната стручна расправа, новиот ГУП на македонската метропола ќе ги задржи постоечките граници, но со него ќе се воведе поделба на градот на 11 градски зони и 143 градски четврти. Досега неколку проблеми се поставија на патот на изготвувањето на Генералниот урбанистички план. Одложувањето на планираниот попис од 2011 година на неодредено време, доведе до тоа целокупните проекции да се прават врз основа на застарените официјални податоци за бројката на населението. Претседателката на Асоцијацијата на архитекти на Македонија пред два месеци истакна дека најпрвин треба да изработи хиерархиски повисокиот Просторен план на регионот, а потоа да се премине на Генералниот урбанистички план, кој треба да го исцрта развојот на главниот град за наредните 10 години.

 

 

» Форумска дискусија за ГУП-от на Скопје