Распишан е тендер за изградба на два нови образовни објекта во општина Гази Баба и во Тетово. Во скопската населба Хиподром ќе се гради нова училишна зграда на основното училиште „Вера Јоциќ“, додека во тетовското село Фалише ќе се изврши доградба на објектот на училиштето „Кирил и Методиј“. Проценетата вредност на двата проекта изнесува 1,2 милиони евра, средства кои ќе бидат обезбедени од државниот буџет.
Градежните компании можат да поднесат одделни понуди за двата проекта. Крајниот рок за нивно доставување на е 14 март.