Денес, во рамки на проектот на Владата за изградба на 145 помали спортски сали ширум Македонија, беа пуштени во употреба салите во основното училиште „Гоце Делчев“ во Василево и основното училиште „Кирил и Методиј“ во Стојаково, а беше поставен камен темелник и на нова сала во средното училиште „Димитар Влахов“ во Струмица. Новоизградените објекти располагаат со површина од 1.300 метри квадратни и капацитет на гледалиштето за 400 посетители. Во нив се инвестирани по околу 40 милиони денари. Покрај овие, во регионот неодамна иста ваква спортска сала беше предадена во употреба во Ново Село, а предвидена е изградба и на сала во Куклиш.