Претходна статија
ЕЛЕМ не се откажува од идејата за ски - центар на Водно
Следна статија
Осветена новата црква „Св. Јован Крстител“ во Аеродром

Нови седум километри гасоводна мрежа во Струмица

Објавено на 13.06.2014 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Гасоводната мрежа во Струмица продолжува да се развива. Локалната самоуправа потпиша договор со „Конти Хидропласт“ од Гевгелија за изградба на секундарна дистрибутивна гасоводна мрежа во должина од седум километри. Инфраструктурниот проект ќе се реализира во наредните 12 месеци, со што ќе се овозможи поголем број граѓани и компании да го употребуваат гасот како енергенс. Вредноста на оваа инвестиција изнесува 14 милиони денари, односно околу 230 илјади евра, финансиски средства обезбедени од буџетот на Општина Струмица.

 

Во рамките на проектот за гасификација на овој град, досега е изградена примарната гасоводна мрежа во должина од 15 километри, декомпресиска станица за гасот што се транспортира со цистерни од соседна Бугарија, мерно – регулациони станици и секундарна мрежа, на која веќе се приклучени станбени и индустриски објекти од десетина струмички улици.