Претходна статија
Општина Центар ја заврши реконструкцијата на јавните површини кај Зелено пазарче
Следна статија
Цената на становите во Скопје продолжила да опаѓа на крајот на 2016 година

Нови реконструктивни зафати на патниот Коридор 10

Објавено на 06.03.2017 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

 

Два нови проекти за обнова на автопатски делници од патниот Коридор 10 низ земјава. Јавното претпријатие за државни патишта ќе го санира автопатот од Велес до Градско во должина од 20 километри. Ќе се рехабилитира средната коловозна лента во двата правци, чиј асфалт во моментов е оштетен од движењето на возила. Санациониот зафат ќе го врши фирмата „Ескаватори-МК“, за сума од 69,6 милиони денари. Според податоците од Бирото за јавни набавки, потпишаниот договор е со времетраење од 32 месеци, но градежните работи би требало да завршат до 2018 година.

 

 

Паралелно со реконструкцијата на автопатот Градско – Велес, во наредниот период ќе се врши и осветлување на автопатот на подрачјето на скопскиот регион. Станува збор за остветлување на делниците од клучка Хиподром преку клучка Белви до клучка Илинден и од клучка Хиподром до клучка Кадино. Од државниот буџет за овој проект се издвоија 77,5 милиони денари. За изведувач на осветлувањето е избрана фирмата „Елмонд Електро“ од Скопје. Склучениот договор за реализација на овој зафат ќе се комплетира во период од 36 месеци.